Wednesday Sep 19 2018

Интеркултурна соработка низ физички и спортски активности и едукација за развој на личните и социјални способности на младите

Спортски центар "Борис Трајковски", Скопје 1000, Fyrom Vera Simovska, MD, PhD. Univ.Prof. of Sports Medicine HEPA Macedonia National organization for the promotion of health-enhancing physical activity
  • Where Скопје,
    Fyrom
  • Event Start
    10:00

Целта на настанот е да се зголеми свесноста за потенцијалот во спортот поврзан со активно учество на младите во социјалниот живот и зајакнување на културната интеграција, како и во личниот и социјален развој. Настанот вклучува семинари/работилници со кој се промовира улогата на спортот како сретство за интеркултурен дијалог, социјална кохезија меѓу младите и вклучување во урбаните средини. За таа цел се планираат следните настани: организирање на неформална едукација низ семинари за младите со мултиетничко потекло и одбележување на Денот на културниот диверзитет во Република Македонија во рамките на Европската недела на спортот "European Week of Sport", 2018 година. Во реализација на семинарите под наслов: “Промовирање на културниот диверзитет со едукација низ спортот” ќе земат учествуво по 60 ученици на возраст од 10 до 18 година, со различна етничка припадност: македонци, албанци и роми, од два различни региона во Македонија, Скопскиот и Охридско-Струшкиот регион. Се планира завршна Конференција со одбележување на Денот на културниот диверзитет во Република Македонија. Одбележувањето на Европскиот настан "MOVE Week" во 2015 година се совпаѓа со првата имплементација на Европската недела на спорт "European Week of Sport" (EWoS) #BeActive во 2015 година. Иницијативата за одбележување на денот "Движете се за здравје" предложена од Светската здравствена организација (WHO "Move for Health" Day), во 2003 година беше прифатена во Република Македонија од "Move for Health Council" кој беше формиран во состав на Националната програма за превенција и контрола на хроничните незаразни болести и промоција на здравјето во Република Македонија "WHO CINDI programme". Во периодот од 2003-2004 година беа реализирани бројни манифестации, а Република Македонија беше меѓу првите 4 земји во светот што ја имплементира иницијативата "Движење за здравје" на Светската здравствена организација, подоцна дел од Глобалната стратегија за исхрана, физичка активност и здравје (2004). Линк: https://www.scribd.com/document/8337248/WHO-Move-for-Health-Initiatives-Day-in-Macedonia-FYR-2003-2004-Report?fbclid=IwAR2riYLUeREN9WMp7RZnPm1DoJrIcbGfOweuadTtpGjfX8WtKkKb_JV0hYI